Маж си ја убил жената со нож сред улица
15/07/2026 11:30
Жена убиена со нож сред улица
Сведоци го совладале осомничениот и го задржале до доаѓањето на полицијата
Жена е убиена во напад со нож на улица во центарот на германскиот град Келкхајм, а за злосторството е осомничен нејзиниот сопруг, кој бил приведен веднаш по нападот.
Според германската полиција, трагедијата се случила синоќа на прометна локација во близина на градскиот пазар, каде што имало голем број минувачи.
Нападот завршил со смрт на местото
Според информациите на полицијата во покраината Хесен, мажот ја нападнал својата сопруга со нож и ѝ нанел смртоносни повреди.
Жената починала на местото на нападот, додека очевидци веднаш интервенирале и успеале да го совладаат осомничениот.
„Сведоците го задржале осомничениот до пристигнувањето на полицијата и итната медицинска помош“, соопштија надлежните власти.
Осомничениот бил повреден при совладувањето
По пристигнувањето на полицијата, мажот бил уапсен. Според обвинителството во Франкфурт и полицијата, тој се здобил со повреди за време на совладувањето од страна на присутните граѓани.
Истражните органи засега не го откриваат мотивот за нападот, а околностите под кои се случило убиството сè уште се предмет на истрага.
Форензичари работеле цела ноќ
Полицијата извршила увид и форензичка обработка на местото на злосторството, кое се наоѓа во близина на пазар и повеќе продавници.
Бидејќи нападот се случил пред бројни очевидци, на местото биле ангажирани и свештеници кои им пружиле психолошка поддршка на сведоците.
„Сведочењето на ваков настан претставува голем психолошки товар за очевидците“, соопшти полицијата.
Келкхајм е град со околу 28.000 жители, кој се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт.




