Хорор во Албанија: Го убил на лежалка на плажа затоа што му ја „мувал“ девојката, па се криел во багажник да не го фатат
18/08/2026 14:09
Убиство во Ксамил поради девојка е една од верзиите што ја истражува албанската полиција, откако 20-годишен турист од Португалија бил пронајден мртов во познатото летувалиште.
Жртвата е идентификувана како Мигел Мендес. Според првичните информации, тој бил нападнат со нож по расправија пред бар на плажа.
Албанските медиуми објавија дека конфликтот можеби започнал поради девојка. Сепак, мотивот сè уште официјално се утврдува.
Туристот бил пронајден мртов на лежалка
По нападот, 20-годишникот бил пронајден без знаци на живот на лежалка во близина на барот.
Полицијата веднаш започнала истрага и го идентификувала осомничениот.
Станува збор за 29-годишниот Сократ Вата од Хас.
По инцидентот, тој го напуштил местото, по што започнала потрага.
Се криел во багажник на автомобил
Неколку часа подоцна, полицијата го лоцирала Вата во Леван, во областа Фиер.
Според информациите објавени во албанските медиуми, тој се обидувал да се сокрие во багажник на автомобил.
Полицијата го открила и го привела.
Истрагата треба да утврди што точно се случувало пред нападот. Се проверува и дали расправијата навистина била поврзана со девојка.
Осомничениот и претходно имал проблеми со законот
Албанските медиуми објавија дека Вата и претходно бил осудуван во Велика Британија.
Во 2024 година бил осуден на пет години затвор за повеќе кривични дела.
Меѓу нив биле поседување дрога од класа А со намера за продажба и опасно возење.
Тој бил обвинет и за поседување канабис и управување возило под дејство на дрога.
Во еден од случаите, полицијата го забележала како управува украден автомобил. При бегството фрлил пакет со кокаин во грмушки.
Во друг случај, не застанал на полициски знак и управувал автомобил со клонирани регистарски таблички.
Сега повторно е во центарот на сериозна истрага, овојпат поради убиство во Ксамил поради девојка, според една од верзиите што ја проверува полицијата.
Напомена: во првичната вест жртвата беше идентификувана како француски државјанин, но во текот на истрагата е утврдено дека станува збор за Луис Мигел Варела Мендес од Португалија.







One thought on “Хорор во Албанија: Го убил на лежалка на плажа затоа што му ја „мувал“ девојката, па се криел во багажник да не го фатат”
Comments are closed.