MKinformer

your daily dose of news

Полицаец од Куманово за пример: Возел без возачка и над дозволената брзина, заработи кривична од колегите

24/08/2026 18:10

Полицаец од Куманово возел без возачка и со брзина поголема од дозволената, поради што против него е поднесена кривична пријава.

Станува збор за А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи.

Пријавата ја поднел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Возел без положен возачки испит

Според МВР, на 22 април 2026 година А.Ј. управувал моторно возило без да има положено возачки испит.

Дополнително, било утврдено дека возел и со брзина поголема од дозволената.

Поради тоа, постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Кривична и дисциплинска постапка

Покрај кривичната пријава, Внатрешната контрола поднела и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност.

Постапката се однесува на кршење на работниот ред и дисциплина.

Така, полицаец од Куманово возел без возачка, а кривичната пријава против него ја поднеле токму неговите колеги од Внатрешната контрола.

error: Содржината е заштитена од копирање !!