MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Мистериозна американска мисија во Москва: Воен C-17 слета на Внуково, дипломатски возила забележани пред руското МНР

25/08/2026 15:40

Американски воен C-17 слета во Москва утрово, а неколку часа подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека прикажуваат американски дипломатски возила пред руското Министерство за надворешни работи.

Засега ниту Вашингтон ниту Москва официјално не соопштија која е целта на невообичаениот лет.

Американскиот Boeing C-17A Globemaster III слетал на московскиот аеродром Внуково околу 10:04 часот по московско време.

Од Рига директно за Москва

Според податоците од следењето на летовите, авионот со ознака 07-7181 и повикувачки знак RCH4555 полетал од Рига околу 08:50 часот.

Два дена претходно пристигнал во латвиската престолнина по лет преку Joint Base Andrews кај Вашингтон.

Станува збор за база што ја користат американските вооружени сили и владата, а таму се стационирани и претседателските авиони.

Самиот факт дека леталото престојувало во Andrews, сепак, не значи дека превезувало претседателска или друга висока делегација.

Дипломатски возила пред руското МНР?

Дополнително внимание предизвика видео објавено на социјалната мрежа X.

Во објавата се тврди дека американски дипломатски возила биле забележани пред зградата на руското Министерство за надворешни работи во Москва.

Засега нема официјална потврда дека возилата се поврзани со патниците или товарот од C-17.

Нема потврда ниту дека во руското МНР се одржува американско-руска средба поврзана со овој лет.

Кремљ вели дека нема информации

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според повеќе медиумски извештаи, изјавил дека нема информации за целта на американскиот воен авион.

Засега нема соопштение ниту од американските власти за мисијата.

Тоа дополнително ги засили шпекулациите околу причината за неговото пристигнување.

C-17 може да превезува и товар и персонал

Boeing C-17 Globemaster III е тежок стратешки транспортен авион на американското воено воздухопловство.

Се користи за транспорт на воена опрема, товар и персонал, но може да биде ангажиран и за поддршка на дипломатски и владини мисии.

Затоа само типот на авионот не открива што точно било транспортирано во Москва.

Внуково и претходно бил користен за чувствителни американско-руски мисии

Ова не е првпат американски воен авион поврзан со Andrews да слета на Внуково.

Во февруари 2025 година американски Gulfstream C-37B слетал таму во рамки на размената во која Русинот Александар Виник бил заменет за американскиот државјанин Марк Фогел.

Тоа отвора простор за претпоставки дека и сегашниот лет може да има дипломатска или друга чувствителна мисија.

Сепак, за такво нешто во моментов нема официјална потврда.

Засега повеќе прашања отколку одговори

Најсигурно може да се потврди дека американски воено-транспортен C-17 пристигнал во Москва од Рига.

Истовремено, на социјалните мрежи се појавија снимки со наводни американски дипломатски возила пред руското МНР.

Додека Вашингтон или Москва не ја откријат причината за мисијата, не може да се тврди дека станува збор за тајни преговори, размена на затвореници или пристигнување американска делегација.

Веста дека, американски воен C-17 слета во Москва  ја разбранува јавноста, а причината за неговото доаѓање останува непозната.

error: Содржината е заштитена од копирање !!