MKinformer

your daily dose of news

САД не го нападна Иран од аеродромот во Софија, но „Левски“ е полн со полначи на гориво и танспортни летала за опрема и персонал

28/02/2026 22:23

Воените авиони на САД и натаму се наоѓаат на аеродромот „Васил Левски“ во Софија, објавуваат бугарските медиуми. До леталата се забележани повеќе цистерни, најверојатно за снабдување со гориво.

Според официјалните информации, станува збор за „летачки цистерни“ од типот Boeing KC-135 Stratotanker, кои служат за дополнување гориво во воздух, а не за директни борбени мисии.

Покрај нив, на аеродромот се распоредени и транспортни авиони Lockheed C-130 Hercules и Boeing C-17 Globemaster III, наменети за превоз на опрема и воен персонал.

Дали САД ќе го нападне Иран од аеродромот во Софија? Сите цивилни летови ќе бидат стопирани во овие два ноќни термини

Демант за летови од Софија

Воздухопловните сили ги отфрлија гласините што се појавија на социјалните мрежи дека американски авиони извршиле борбени летови од аеродромот во Софија.

Претходно, Министерство за одбрана на Бугарија соопшти дека распоредувањето на американските летала е поврзано со поддршка на обуки во рамки на активностите на Алијансата за зголемена будност. Од Министерството појаснија дека присутниот персонал е ангажиран за сервисирање и логистичка поддршка на авионите.

Развојот на настаните доаѓа во контекст на зголемени регионални тензии, откако САД и Израел започнаа воена кампања против Иран.

error: Содржината е заштитена од копирање !!