ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НЕПОЖЕЛНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ (ВИДЕО)
16/09/2020 12:53Кинеските медиуми пренесуваат дека станбени згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите во моментов се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци.

Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана биле ставени на продажба истата годин и многу брзо нашле купувачи.
Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле да живеат во зградите.

Во моментов становите не се вселиви, вегетацијата на терасите и фасадите е запуштена и сето тоа поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.






