MKinformer

your daily dose of news

ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НЕПОЖЕЛНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ (ВИДЕО)

16/09/2020 12:53

Кинеските медиуми пренесуваат дека станбени згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите во моментов се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци.

Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана биле ставени на продажба истата годин и многу брзо нашле купувачи.

Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле да живеат во зградите.

Во моментов становите не се вселиви, вегетацијата на терасите и фасадите е запуштена и сето тоа поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!