Во Стразбур тепале девојка на улица бидејќи носела здолниште
24/09/2020 15:37Полицијата во францускиот град Стразбур почна истрага по пријавата од девојка дека среде ден била нападната на улица од тројца мажи затоа што носела здолниште.
Според Би-Би-Си, 22-годишната студентка, откако мажите и приговориле дека носи здолниште, од едниот добила удар во лицето, а друг ја навредувал.
Таа навела дека, додека ја држеле двајца мажи, третиот ја удрил со тупаница по лицето, а потоа сите тројца побегнале, како и дека инцидентот се случил пред повеќе од десетина луѓе, но дека никој не реагирал.
Француски весник исто така објави дека две жени биле нападнати вчера во градот Мулхаус затоа што едната од нив била опомената за носење на „прекратко здолниште“.






![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)