MKinformer

your daily dose of news

ПО САД И ЈАПОНИЈА ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СРБИЈА

03/11/2020 19:37

Јапонската федерација за борење одлучи да не испрати тим во Србија за претстојното Светско првенство поради пандемијата на коронавирусoт.

Светскиот шампионат е закажан 12-20 декември во Белград.

Претходно учеството го откажаа и САД.

Светските форуми за борење за сите возрасти, со исклучок на Светското првенство за мажи и жени, се откажани оваа година. Конечната одлука за неговото одржување ќе биде донесена на состанокот на Меѓународната федерација оваа недела.

Во целата историја на светските шампионати, јапонскиот тим има освоено 259 медали (117 златни, 67 сребрени, 75 бронзени).

error: Содржината е заштитена од копирање !!