Норвешка доминира на Олимпијадата во Милано-Кортина со 34 медали
20/02/2026 11:40
Зимски олимписки игри Милано-Кортина 2026 продолжуваат со доминација на Норвешка, чии репрезентативци и натаму се на врвот на табелата со вкупно 34 освоени медали, од кои 16 златни.
Норвешка води и според вкупниот број медали и според бројот на најсјајни одличја. Зад неа се Соединетите Американски Држави со 27 медали (9 златни), како и домаќинот Италија со 26 медали, од кои исто така 9 златни.
Богата програма на 15-тиот ден
На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени нови медали во повеќе дисциплини. Во слободното скијање ќе настапат и мажи и жени, додека во биатлон на програмата е трката на 15 километри за мажи.
Љубителите на зимските спортови ќе можат да ги следат и натпреварите во брзо лизгање на 1.500 метри кај жените, како и во шорт трек – штафета на 5.000 метри кај мажите и трка на 1.500 метри кај жените. Во карлинг кај мажите ќе се игра дуелот за бронзениот медал.
Воедно, на програмата се и двете полуфиналиња во хокеј на мраз кај мажите – дуелите меѓу Канада и Финска, како и САД против Словачка, кои ќе го дадат одговорот кои селекции ќе се борат за златото.
Со оглед на тесната разлика меѓу водечките репрезентации, се очекува неизвесна завршница во борбата за врвот на медалниот биланс.






