ЗОИ 2026: Норвешка со најмногу злата, Италија води по вкупно медали
09/02/2026 11:59
На Зимски олимписки игри Милано – Кортина 2026 досега се поделени 13 комплети медали, а на победничкиот подиум се искачија спортисти од вкупно 15 држави.
Најмногу златни медали во досегашниот тек на натпреварувањата има Норвешка со биланс 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени медали, додека домаќинот Италија е најуспешен по вкупен број освоени одличја (1 злато, 2 сребра и 6 бронзи).
Листа на медалисти на ЗОИ 2026 (досега):
-
Норвешка – 3+1+2
-
САД – 2+0+0
-
Италија – 1+2+6
-
Јапонија – 1+2+1
-
Австрија – 1+2+0
-
Германија – 1+1+1
-
Франција – 1+1+0
-
Чешка – 1+1+0
-
Шведска – 1+1+0
-
Швајцарија – 1+0+0
-
Кореја – 0+1+0
-
Словенија – 0+1+0
-
Канада – 0+0+1
-
Кина – 0+0+1
-
Бугарија – 0+0+1
Денешна програма за медали
Денеска на Зимските олимписки игри ќе се доделуваат медали во неколку атрактивни дисциплини:
-
Скијачки скокови – мажи (индивидуално)
-
Сноуборд – биг ерџени
-
Брзо лизгање – 1.000 метри жени
-
Алпска комбинација – тимови мажи
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина се одржуваат во периодот од 6 до 22 февруари, а борбата за медали продолжува со засилено темпо.





