(Фотогалерија)CAД донесе огромна количина „тешка машинерија“ нa Kpиволaк
22/03/2021 13:18Првата композиција со инженериски машини пристигна на железничката во Криволак, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска која објасни дека нашите инженерци заедно со 15.инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба.
Вежбата „Одлучен удар 21” ќе започне на средината на мај.

„Македонската Армија и Армијата на САД заедно на Криволак ќе изградат патишта, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта, полетно-слетна писта за беспилотни летала. Тоа е предноста на сојузништвото, напиша Шеќеринска.
„Одлучен удар 21“ која ќе се одржи на крајот на пролетва, како дел од серијата вежби „Defender Europe 21“ („Бранител Европа 21“), на која ќе учествуваат над 2 000 војници на армиите на Македонија, САД, Бугарија и на Грција.








