MKinformer

your daily dose of news

Вежба во водите на Охридското езеро, ги вознемири туристите

26/07/2025 19:48

Вежба за спасување на опожарен пловен објект, организирана од МВР, без најава е оддржана денес во водите на Охридското езеро.

Во близина на вежбата се нашол и репортер на порталот 4 News, кој незнаејки за вежбата, помислил како и многу  други туристи дека вистина се запалило бродче во водите на езерото и сподели видео со драматична содржина

„Во моментов се врши евакуација на лица, а на лице место се присутни голем број полициски единици и пожарникари. Последните информации се дека сите успешно се евакуирани од малиот брод, во моментов не се јасни причините за несреќата.“

ЦУК предмалку информираше дека се работи за вежба.
Симулациска вежба „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“ во рамки на караванот „До вас, за вас“

На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“.

Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација.

Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:
• Капетанијата на пристаништата,
• Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,
• Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,
• Дирекцијата за заштита и спасување,
• Црвениот крст на Охрид,
• Итната медицинска помош Охрид.

Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!