MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Автобусот на репрезентацијата на Белизе под опсада: Банда се обиде да ја киднапира фудбалската репрезентација на Белизе

23/03/2021 14:48

Драма на Хаити. Вооружени разбојници се обиделе да ги киднапираат сите членови на А тимот на фудбалската репрезентација на Белизе.

Веднаш по пристигнувањето на Хаити фудбалерите на Белизе биле дел од неверојатна ситуација, обид за киднапирање.

Селекцијата на Белизе во четврток против домашната селекција на Хаити треба да одигра натпревар од Квалификациите за пласман на Светскиот шампионат во 2022 во катар.

Веднаш по пристигнувањето на Хаити, фудбалерите на Белизе влегле во автобус и се упатиле кон хотелот каде треба да престојуваат. Но,на патот кон хотелот нивниот автобус иако бил обезбедуван од полициска придружба бил нападнат од вооружени лица кои се обиделе да ги киднапираат фудбалерите од Белизе.

error: Содржината е заштитена од копирање !!