Страшна автобуска несреќа: 9 загинати и 21 повреден
01/02/2026 17:25
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Турција кога патнички автобус кој сообраќал на линијата Текирдаг – Анталија излетал од патот и се превртел во канал, при што загинаа 9 лица, а 21 лице се повредени.
Автобусот, во сопственост на компанијата Бузлу, удрил во заштитна ограда и завршил во канал на раскрсницата Комирлер, на подрачјето на Дошемеалти.
По пријавата за несреќата, на местото интервенирале здравствени екипи, противпожарни служби, AFAD, како и жандармеријата и полицијата.
Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, изјави дека автобусот тргнал од Текирдаг претходната вечер и излетал од патот околу 10:20 часот. Според неговите зборови, причините за несреќата ќе бидат утврдени по техничката истрага, но посочи дека на теренот имало магла и влажна подлога, а автобусот најверојатно се движел со поголема брзина од дозволената.
Antalya Valisi Hulusi Şahin: Otobüsün şoförü maalesef tüm müdahalelere rağmen kurtarılamadı. Kazadaki vefat sayımız 9’a yükseldi. 21 yaralının tedavileri kırmızı kodlu olarak devam ediyor. pic.twitter.com/rP9rlvOh0n
— TRT Haber Canlı (@trthabercanli) February 1, 2026
Во дополнителна изјава од болницата во Анталија, потврдија дека осум лица загинале на самото место, а едно лице, возачот на автобусот, им подлегнал на повредите во болницата, со што бројот на жртвите се искачи на 9.
Од повредените 21 лице, седум се во критична состојба и се лекуваат под „црвен код“. Дел од повредените се префрлени на понатамошно лекување во Универзитетската болница Акдениз, каде медицинските тимови продолжуваат со третманите.
Надлежните служби најавија детална истрага за утврдување на точните околности и одговорност за несреќата.






