Гoлeмa тpaгeдиja гo пoтрece Крагуевац: Тинejџepкa ce oбecи вo ceмejнa кyќa..
19/04/2021 13:51Петнаесетгодишна девојка синоќа извршила самоубиство со бесење во семејната куќа во населбата Крагуевац Винџиште, пренесуваат српските медиуми.
Брзата помош неколку минути пред полноќ се обидела да ја реанимира девојката, но било доцна и лекарите можеле само да ја констатираат смрт.
За самоубиството биле информирани полицијата и истражните органи, пренесува „Новости“. Не се познати причините за самоубиството на толку младо девојче.






