MKinformer

your daily dose of news

Екслузивно: Фрлена бомба во домот на Здравко Чолиќ на Дедиње, пејачот бил дома

03/02/2026 13:12

Доцна синоќа била фрлена експлозивна направа врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње, јавуваат медиумите во регионот.

На местото на настанот веднаш интервенирале полициски екипи, а увид извршил и дежурен обвинител од Вишо јавно обвинителство во Белград. Истрагата е во тек, а приодите кон куќата биле блокирани веднаш по пријавата.

Според првичните информации објавени од српските медиуми, во експлозијата нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Деталите за мотивите и сторителот засега не се познати.

Како што пренесува „Телеграф“, во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ се наоѓал во куќата заедно со сопругата и помладата ќерка Лара. Тие, наводно, спиеле, а експлозијата ги разбудила.

Припадници на Министерство за внатрешни работи на Србија спроведуваат интензивна истрага, при што се собираат материјални докази и се анализираат снимки од безбедносни камери во околината, со цел идентификација на сторителот.

Надлежните институции најавуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на истражните дејствија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!