MKinformer

your daily dose of news

Трагична несреќа при миење електричен автомобил

20/07/2026 11:15

Трагедија во Србија: Маж загина од струен удар додека го миел електричниот автомобил

Користел машина за перење под висок притисок, а во моментот на несреќата стоел на влажна тревна површина

Трагична несреќа се случила во населбата Мала Моштаница, во општина Обреновац, Србија, каде што 47-годишен маж го загубил животот од струен удар додека го миел својот електричен автомобил.

Според српските медиуми, мажот во неделата вечерта бил во посета на свои пријатели. Во еден момент решил да го измие возилото во дворот, користејќи машина за перење под висок притисок.

Струјниот удар бил фатален

Според информациите, додека стоел на влажна тревна површина, го вклучил електричниот уред, при што добил силен струен удар и паднал на местото.

Присутните веднаш повикале Итна медицинска помош, но лекарите по пристигнувањето можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Извршен увид, не е наредена обдукција

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, по што телото му било предадено на семејството.

Бидејќи било утврдено дека смртта настапила како последица на несреќен случај предизвикан од струен удар, надлежните не наредиле обдукција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!