MKinformer

your daily dose of news

„Дами и господа“ заминуваат во историјата: Отсега родово неутрални поздрави во германската национална авиокомпанија Луфтханза

13/07/2021 17:55

Германската национална авиокомпанија Луфтханза ќе го замени поздравот до патниците на „дами и господа“ за родово неутрални термини, изјави портпаролот на компанијата.

Обраќањето ќе се смени во сите филијали на компанијата, вклучувајќи ги Австрија, Швајцарија, Евровингс и Брисел ерлајнс, пишува ДПА и извештаите на Танјуг.

„За нас е важно да земеме сè во предвид со нашите форми на обраќање“, рече портпаролот на „Луфтханза“.

Други обраќања како „добар ден“, „добра вечер“ или „добредојде“ би можеле да бидат избор на пилотот, додаде тој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!