Црна Гора воведува пocтроги мерки, се зголемува бројот на 3apa3eни од KoBид-19 но се уште нема делта coj
21/07/2021 8:35Црногорските здравствени власти ќе предложат построги мерки откако во вторникот се регистрирани 65 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден во последните два месеци.
KoH средината на април, Црна Гора почна со укинување на епидемиолошките мерки кои потполно беа либерализирани од почетокот на летната туристичка сезона.

Бидејќи најголемиот број на случаи се однесуваат на туристичките дестинации, здравствените власти се заканија на сопствениците на кафулиња и ресторани дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со парични казни и затворање на објектите на три дена.
Ако некој , повеќе пати ги крши епидемиолошките мерки, се затвора на 15 до 30 дена, соопшти министерството за здравство.
Во Црна Гора, се уште не е потврдена делта варијантата на Ковид-19.





