MKinformer

your daily dose of news

Можно ли е Црна Гора до Вторник да стане дел од ЕУ? Црна Гора на чекор до затворање на сите пет поглавја со ЕУ

14/12/2025 15:59

Шансите Црна Гора да ги затвори сите пет планирани поглавја во преговорите со Европската Унија значително се зголемија, по интензивни дипломатски активности меѓу Подгорица, земјите-членки на ЕУ и Франција, објавува црногорскиот весник „Вијести“.

Според неофицијални информации, француската страна ѝ сигнализирала на Подгорица дека ќе даде зелено светло за две поглавја што претходно ги блокираше – поглавје 11 (Земјоделство и рурален развој) и поглавје 13 (Рибарство). Овие поглавја беа стопирани на седниците на телата на Советот на ЕУ – COELA и COREPER II.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, синоќа му се обратил писмено на францускиот претседател Емануел Макрон, барајќи политичка поддршка за затворање на сите пет поглавја. Ова, според „Вијести“, се случило по иницијатива на министерката за европски прашања, Маида Горчевиќ, откако Париз донел одлука да блокира две поглавја.

„Во текот на изминатите два дена имав пријателска и конструктивна размена на мислења со претседателот на Франција, по што Црна Гора ќе ги затвори сите пет поглавја на следната меѓувладина конференција“, објави денес Милатовиќ.

Тој додаде дека со нетрпение очекува средба со Макрон на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел следната недела, како и негова посета на Црна Гора наредната година.

Во меѓувреме, дипломатски активности водела и Владата на Црна Гора, предводена од премиерот Милојко Спајиќ, кој, според неофицијални информации, бил во комуникација со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Франција во петокот, без претходна најава, го блокираше затворањето на две поглавја, тврдејќи дека тие не се доволно усогласени со законодавството на ЕУ, без да наведе конкретни причини.

Конечната одлука за затворање на поглавјата ќе биде донесена на 16 декември, на министерско ниво во рамки на Советот на ЕУ за општи работи.

Во меѓувреме, три поглавја, 3 (Право на основање компании и слобода на давање услуги), 4 (Слобода на движење на капитал) и 6 (Економско право) веќе добија зелено светло во Брисел.

error: Содржината е заштитена од копирање !!