MKinformer

your daily dose of news

Уставниот совет на Франција ја прогласи за уставна здравствената пропусница

05/08/2021 21:18

Уставниот совет на Франција денеска го одобри, иако со некои резерви, новото законодавство за борба против пандемијата на коронавирус, пренесе Ројтерс.

Советот одлучи дека новиот закон, кој бара од луѓето да поднесат здравствена дозвола за посета на ресторани, барови и некои други места и ги обврзува здравствените работници да се вакцинираат против КОВИД-19, во голема мера е во согласност со уставот.

Сепак, тој го опиша како неуставно отпуштањето на работниците поради одбивање да се вакцинираат, како и потребата од задолжителен карантин со проверки на луѓе кои се позитивни на вирусот. „Советот признава дека предвидените мерки може да ги ограничат личните слободи, но тие се оправдани во однос на заштитата на здравјето предвидена со уставот“, се вели во пресудата.

Во јули, законот беше предложен од владата и усвоен од парламентот. Сепак, некои парламентарци го повикаа Уставниот совет да ги процени мерките во однос на основните права и слободи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!