MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Teмпepaтypи дo 30 cтeпeни – Bpиjaт пoвpшинитe нa мopињaтa вo Грција

15/08/2021 13:15

Долгиот период со високи температури и отсуството на силен ветер, резултираше со високи температури на површината на морето во повеќе делови на Грција, според податоците објавени од порталот „Метео“ на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, што е за два до четири степени повисока температурата од просечно измерената во периодот 2008-2018 година.

Слична била температурата и во Јонското море и јужно од островот Родос.

error: Содржината е заштитена од копирање !!