Познато со кого ТФТ Скопје ќе си ги одмери силите во ФИБА Еврокупот
19/08/2021 20:30Македонските кошаркарски претставници во ФИБА Еврокупот,Куманово и ТФТ Скопје, го дознаа патот до главната фаза во ова натпреварување.
Двете екипи квалификациите ќе ги отворат уште од првата фаза, што значи до пласман во ФИБА Еврокупот ќе треба да победат три екипи на турнирите кои ќе се одржат во периодот од 28 септември до 1 октомври.
Куманово за прв противник го доби австрискиот тим Гмунден и во случај да слави на овој натпревар го чека меч со холандскиот Гронинген.
Со евентуален пласман во финалето, Куманово ќе го чека меч со најтрофејниот португалски клуб Бенфика или актуелниот освојувач на Купот на Романија, Волунтари.






