MKinformer

your daily dose of news

Серена Вилијамс нема да настапи на УС Опен

25/08/2021 17:15

Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека не успеала навреме да закрепне од повредата на препоните и поради тоа е принудена да го откаже настапот на грен-слем турнирот УС Опен што почнува идната недела.

По внимателно разгледување и слушање на препораките од докторот и медицинскиот тим, донесов одлука да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето тело во целост да се рехабилитира од повредата на препоните – објави 39-годишната Серена Вилијамс.

Американската тенисерка, која досега во кариерата освои 23 грен-слем титули, поради повредата мораше да го предаде дуелот од првото коло на Вимблдон против Белорусинката Алиаксандра Саснович.

error: Содржината е заштитена од копирање !!