Милан добива зaсилување во финишот на летниот преоден рок
30/08/2021 17:55Италијанскиот фудбалски тим Милан во финишот на летниот преоден рок си ангажираше уште едно засилување, кое треба да им помогне во остварување на целите за новата сезона, а тоа е добар настап во Лигата на шампиони и борба за топ-4 во Серија А.
„Росонерите“ се обидуваа во претходните две сезони да го ангажираат повторно на позајмица, но не можеа да ги победат Наполи и Монако, каде што беше Бакајоко на позајмица.
Милан конечно го договори Бакајоко и по две години повторно успеа да го позајми Французинот од Челси.




