Елиф Елмас се враќа во Наполи по 18 месеци
29/08/2025 7:23
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по 18 месеци се враќа во Наполи. Според трансфер инсајдерот Фабрицио Романо, италијанскиот клуб и Лајпциг ги договориле сите детали околу неговиот трансфер.
Елмас, кој во јануари 2024 замина од Наполи во Лајпциг за сума од 24 милиони евра, сега се враќа во градот под Везув на позајмица.
📌 Детали од договорот:
-
Наполи ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата.
-
По завршувањето на сезоната, клубот ќе има можност да го откупи договорот за 12 милиони евра.
-
Наполи целосно ја презема годишната плата на Елмас, која изнесува околу 3 милиони евра.
Ова е значаен потег и за Елмас и за Наполи, клуб со кој македонскиот фудбалер имаше успешна соработка и пред трансферот во Бундеслигата.




