MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Ужac во Русијa: Mаж киднaпиpaл дeвojка и дeвeт дeнa ce изживyвaл вpз нea вo пoдpyм

04/09/2021 19:58

Руската полиција уапси 39-годишен маж од Нижни Новгород, кој е осомничен дека грабнал 23-годишна девојка од градот, која девет дена ја држел заклучена во подрум и сексуално ја злоставувал, јавија локалните медиуми.

Полицијата се сомнева дека грабнувачот се запознал со жртвата преку веб-страница за контакти, по што ја киднапирал и ја заклучил во подрумот.

Жртвата им изјавила на полицајците дека мажот ѝ се заканил со нож кога првпат се сретнале и ја одвел во подрумот, по што започнало деветдневното измачување.

„Жртвата е пронајдена благодарение на добро изведената истражувачка работа“, соопштија властите, без да наведат детали.

Според руските закони, на киднаперот му се закануваат до 30 години затвор за грозоморното злосторство.

https://youtu.be/rweAvbx7mmY

error: Содржината е заштитена од копирање !!