MKinformer

your daily dose of news

„Паднаа“ Фејсбук, Ватсап и Инстаграм

04/10/2021 18:00

Најголемата социјална платформа фејсбук, заедно со ватсап и инстаграм, моментално се недостапни за корисниците.

Прекинот е од глобални размери, а засега не се познати детали за проблемот.

Трите апликации – кои се во сопственост на Фејсбук и работат на заедничка инфраструктура – сите целосно престанаа да работат кратко пред 17 часот. Други производи што се дел од истото семејство апликации, како што е Facebook Workplace, исто така престанаа да работат.

На псетителите на веб -страницата на Фејсбук им се појавува грешка или порака дека нивниот прелистувач не може да се поврзе. Апликациите WhatsApp и Instagram продолжија да работат, но не прикажуваат нова содржина, вклучувајќи пораки испратени или примени за време на проблемите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!