MKinformer

your daily dose of news

Мишо Ковач и целото негово семејство се болни од корона

14/12/2021 21:11

Славниот далматински пејач, Мишо Ковач, има Ковид-19, објави „Слободна Далмација“. Освен Мишо, позитивни биле и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.

Поради инфекцијата, пејачот пред неколку дена бил пренесена и во болница каде што добил кислород и здравјето му се подобрило. Од извори блиски на пејачот, весникот дознава дека Мишо е пуштен на домашна нега.

Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.

По излегувањето од болница, Мишо се чувствувал добро.

error: Содржината е заштитена од копирање !!