Празнично изненадување: Банка по гpeшка им префрлила 155 милиони евра на дел од своите клиенти
30/12/2021 20:10Десетици илјади луѓе ширум Британија беа изненадени кога на божиќното утро, на 25 декември, открија дека имаат повеќе пари на нивната банкарска сметка.
Се испостави дека банката „Сантандер“ по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки на приватни и правни лица.
Вработените во таа банка се обидуваат да си ги вратат парите, но отежнувачка околност е што голем дел е уплатен на сметката во други банки.
Портпаролот на банката рече дека тоа е техничко прашање, како и дека во тек се разговори со другите банки за враќање на дупликатните трансакции.






