MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)ТРИ МОМЧИЊА 4 СААТИ БИЛЕ ЗАГЛАВЕНИ НА ОСТРОВЧЕ ВО ТРЕСКА

10/07/2024 7:11

Во 19.12 часот e добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на , на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска, а секако има и покачување на нивото на реката.

Заради наглото покачување на реката Треска три момчиња останале заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност да преминат на безбеден брег, бидејќи биле опкружени од двете страни со силна и брза вода. Се работи за 16 годишни момчиња кои во тој момент биле под силен притисок на страв и паника.

error: Содржината е заштитена од копирање !!