MKinformer

your daily dose of news

РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА ПО 95 ЗАРОБЕНИЦИ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ

18/07/2024 7:29

Русија и Украина разменија 95 воени заробеници од двете страни, откако Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дејствуваа како посредник, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Русија во соопштение на апликацијата за пораки Телеграм објави дека руските војници ќе бидат подложени на медицински прегледи во Москва, пренесе Ројтерс.

И претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека денеска биле разменети 95 украински и руски затвореници.

Од почетокот на војната, во февруари 2022 година, Русија и Украина извршија неколку размени на затвореници.

Во претходната размена, која се случи пред еден месец, која исто така беше посредувана од ОАЕ, Русија и Украина разменија по 90 затвореници.

error: Содржината е заштитена од копирање !!