MKinformer

your daily dose of news

КАМАЛА ХАРИС ВЕДНАШ ДОБИ ПОДДРШКА ОД СОРОС

22/07/2024 19:57

Американскиот милијардер Џорџ Сорос донираше повеќе од 15 милиони долари за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија на претстојните претседателски избори, објави денеска Блумберг.

Покрај него, Харис го поддржа и филмскиот продуцент и донатор Џејми Патрикоф.

„Другите ќе видат дека таа е најдобрата опција за демократите да го поразат Трамп“, рече тој, додавајќи дека Харис ќе го „уништи“ Трамп во дебатата.

За разлика од тие двајца, останатите милијардери и донатори на демократите не одлучиле која личност ќе ја поддржат за да биде кандидат на изборите, бидејќи сакаат, како што наведува агенцијата, отворен конкурс.

error: Содржината е заштитена од копирање !!