MKinformer

your daily dose of news

Камала Харис го нападна Трамп: Нападот врз Венецуела е нелегален и неодговорен потег

04/01/2026 11:50

Камала Харис остро го осуди нападот врз Венецуела и апсењето на Мадуро

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, остро ги критикуваше американските дејствија во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро, оценувајќи дека потезите на администрацијата на Доналд Трамп не ја прават Америка побезбедна, посилна или поугледна.

Во својата јавна реакција, Харис нагласи дека и покрај тоа што Мадуро, според неа, е „брутален и нелегитимен диктатор“, тоа не го менува фактот дека американската акција била нелегална и неодговорна.

„Го имаме гледано овој филм и претходно. Војните за промена на режим или за нафта секогаш се претставуваат како сила, но завршуваат со хаос – а американските семејства ја плаќаат цената“, изјави Харис.

„Ова не е прашање на демократија, туку на нафта“

Харис додаде дека американската јавност е уморна од, како што рече, политички манипулации и нетранспарентни мотиви.

„Ова не е прашање на дрога или демократија. Станува збор за нафта и желбата на Трамп да игра регионален насилник. Доколку навистина му беше грижа за овие вредности, немаше да помилува осуден шверцер на дрога и немаше да ја маргинализира легитимната опозиција во Венецуела додека се обидува да постигне договор со луѓето околу Мадуро“, истакна таа.

Според Харис, актуелната политика на Вашингтон ги става американските војници во опасност, троши милијарди долари од буџетот, го дестабилизира регионот и се спроведува без јасна законска основа, без план за излез и без конкретни придобивки за граѓаните во САД.

Повик за поинакво лидерство

На крајот од својата изјава, Харис порача дека на САД им се потребни лидери со поинакви приоритети.

„Ни треба лидерство што ќе се фокусира на намалување на трошоците за работничките семејства, доследно спроведување на владеењето на правото, зајакнување на сојузите и – најважно – ставање на американскиот народ на прво место“, заклучи Харис.

error: Содржината е заштитена од копирање !!