АВТОМОБИЛИТЕ НА ФЕРАРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ ВО КРИПТОВАЛУТИ
29/07/2024 8:27
Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ферари“ ја објави својата намера да ги продава автомобилите во Европа и во криптовалути од крајот на јули, објави Франс прес, пренесува Телеграф.бг. Мерката веќе се спроведува во САД.
– „Ферари“ ќе го прошири системот за плаќање со криптовалути на својата европска мрежа од крајот на јули. Влезот на овој метод на европскиот пазар следи по успешното лансирање на овој алтернативен систем за плаќање во САД пред помалку од една година. До крајот на 2024 година, „Ферари“ ќе дозволи трансакции со криптовалути во други земји од својата меѓународна мрежа каде што тие се законско средство за плаќање – соопшти брендот. „Ферари“ уверува дека соработуваат со специјализирани компании во секторот за криптовалути „за да се гарантира безбедноста на трансакциите“.
„Оваа соработка ќе овозможи „верификација на потеклото на средствата“ и заштита на концесионерите „од ценовни флуктуации поврзани со девизниот курс“, велат од „Ферари“. Цените на автомобилите „ферари“ се движат од нешто повеќе од 200.000 евра до речиси 500.000 евра. Износот може значително да се зголеми за ограничени серии или единечни автомобили произведени по нарачка, пренесе БТА.






