MKinformer

your daily dose of news

УКРАИНА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ БОРБЕНИ АВИОНИ Ф-16 ЗА ОДБРАНА ОД РУСИЈА

01/08/2024 10:43

Украина ги доби првите авиони Ф-16 што со месеци ги бараше од западните сојузници за да одговори на серијата руски ракетни напади, потврди американски претставник за АП.

Украина тврдеше дека Ф-16 се клучни за одбрана од континуираните руски ракетни напади.

Западот првично не сакаше да ги испрати ловците, плашејќи се дека вооружувањето на Украина со напредно оружје ќе доведе до уште поголема ескалација на војната со Русија.

Во меѓувреме, САД обучуваа украински пилоти да управуваат со авионите, а првата група пилоти веќе ја завршија обуката.

Засега не се знае колку авиони се дел од првата испорака, ниту пак кои земји ги испратиле. Украинската влада сѐ уште официјално не го потврдила приемот на авионите. Белгија, Данска, Холандија и Норвешка, сите членки на НАТО, ветија дека ќе ѝ испорачаат повеќе од 60 авиони на Украина.

Тој број се чини мал во споредба со руската борбена флота, која се проценува дека е околу десет пати поголема, наведува АП. На Украина ѝ се потребни најмалку 130 ловци Ф-16 за да ја неутрализира руската воздушна супериорност, велат украинските власти.

Авионите F-16 можат да летаат со двојно поголема брзина од звукот и да патуваат повеќе од 3.200 км пред да наполнат гориво.

error: Содржината е заштитена од копирање !!