MKinformer

your daily dose of news

МЕТЕО: Студено претпладне и тивко со мала до умерена локална облачност

19/01/2025 10:35

Времето за денеска носи студено претпладне со магла во некои котлини и температури под нулата. Преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, а максималните температури ќе се движат од 3 до 12 степени. Во Скопје се очекува студено утро со температура до минус 6 степени, но преку денот ќе има сонце и мала облачност, со максимална температура од 3 степени. Од утре, облачноста ќе се зголеми, а од вторник се прогнозираат локални врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат во форма на снег.

error: Содржината е заштитена од копирање !!