MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со магла и дожд, на планините снег

23/12/2025 10:09

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла во претпладневните часови по одделни котлини. Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 5 и 12 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со магла претпладне. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на влажни воздушни бранови, во среда и четврток ќе има чести локални врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините се очекуваат снежни врнежи и создавање снежна покривка од 5 до 10 сантиметри.

Со продор на постуден воздух од север, снег е можен и на дел од повисоките места. Од петок се најавува стабилизирање на временските услови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!