Авиони за власт, лекови за пациенти? Недостигот на терапија открива небрежност во здравството
24/01/2025 11:19
Владата планира да потроши стотици милиони евра за купување авион, додека решението за недостигот на животно важни лекови на Онкологија се бара преку донации. Ова што се случува е невозможно да се оправда.
Цела недела нема неопходни лекови на Онкологија. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од терапија, недоволен број на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување.
Овој хаос во здравствениот систем ја открива неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да ги задоволат потребите на граѓаните и да го подобрат здравството.
Ветените реформи и подобрувања останаа само празни зборови, а наместо тоа, се трошат јавни пари на луксузни набавки како авиони, скапи патувања и мебел.
Власта мора веднаш да престане со расипничкото трошење на народни пари и да ги насочи кон вистинските потреби на граѓаните.
Го повикуваме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да преземат итни мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.
Бараме зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност.






