СУДОТ ЈА ОСУДИ НЕГУВАТЕЛКАТА ОД ВЕЛЕС КОЈА НА ДЕЦАТА ИМ ДАВАЛА ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ
03/02/2025 17:48
Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Вработената е прогласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата.
Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција – информираат од обвинителството.
Оттаму велат дека жалбата која е поднесена од страна на обинителстото е во насока да се бара поголема казна и санкција за несовесната негувателка.






![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)