ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Студено утро со магла, сончево преку ден
08/02/2025 9:56
Утринските температури ќе бидат студени, со можност за појава на утринска магла во некои котлини. Преку денот ќе биде сончево, но со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб и променлив.
Во Скопје: Наутро се очекува магла, додека преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб и променлив.



