MKinformer

your daily dose of news

Сончево и топло со температури до 20 степени, во четврток дожд

03/03/2026 9:56

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информира Управа за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини е можна појава на слаба магла.

Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

error: Содржината е заштитена од копирање !!