Полицијата пронајде оружје и експлозиви во напуштени магацински простории во Гази Баба
12/02/2025 19:47
Во напуштени магацински простории на подрачјето на Гази Баба, вчера полицијата открила 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од страна на граѓанин. Потоа, интервенирале полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.
Пронајдените предмети се подигнати и предадени за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






