MKinformer

your daily dose of news

Нелегално дислоцирани бездомни кучиња создаваат проблеми во македонските градови

15/02/2025 11:14

Групи кучиња без обележани маркици, кои изгледаат дезориентирано, сè почесто се забележуваат на улиците на македонските градови. Очевидци тврдат дека во раните утрински часови, од бели комбиња, се пуштаат големи групи, оставајќи ги во непознати средини.

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ предупредува дека овие кучиња обично не дозволуваат близок контакт, што укажува на тоа дека доаѓаат од места каде што не имало човечки контакт или каде биле изложени на лош третман.

– Станува збор за кучиња со голем раст, кои не се типични за урбаните средини. За нивно заловување и транспорт е потребна соодветна опрема и логистика, што укажува на организирана активност – велат од „Анима мунди“.

Слични случаи на нелегално дислоцирање на кучиња се забележани во неколку општини. Во Битола беа заловени бездомни кучиња со маркици од Прилеп, додека во Гостивар беше забележано бело комбе што заловувало кучиња, иако општината има договор со ветеринарна станица од Кичево. Во Гевгелија, по барање на бензинска пумпа, кучиња биле оставени во ненаселено шумско подрачје од страна на локалното комунално претпријатие.

Додатно, од „Анима мунди“ алармираат дека приватни ветеринарни амбуланти нудат нелегални услуги за дислокација на бездомни кучиња.

– Контактиравме една амбуланта како правно лице и без никаков проблем ни беше понудено кучињата да бидат „однесени доволно далеку за да не се вратат“. Каде заврш

error: Содржината е заштитена од копирање !!