(Видео) Оџата Муарем Исмаили: Не може во џамија да се молите, а да се убивате по улици
16/02/2025 21:35
По прераната и насилна смрт на нашиот пријател и брат Хебиб, кој имаше само 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег, во своето обраќање по петочната молитва, ги постави прашањата кои треба да се соочат не само ние како помала заедница, туку и целото општество. Прашањата се: како да ставиме крај на насилството и хаосот, како да ја спречиме употребата на оружје и агресивното однесување; како да се вратиме на основните човечки вредности и да го почитуваме секој човечки живот како свет.
Оваа порака ја сподели Мухамед Зеќири на својот Фејсбук профил, кој го цитираше оџата од Чаир.






