MKinformer

your daily dose of news

НА ПОВИДОК КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ОПТИМИЗАМ ОД САД И РУСИЈА ПО ПРВИОТ СОСТАНОК

18/02/2025 17:51

Американските и руските официјални претставници денес во Ријад разговараа повеќе од четири часа, меѓу другото, и за завршување на војната во Украина, додека Киев и неговите европски сојузници нервозно набљудуваа отстрана, а Москва излезе со дополнитело барање.

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се договорија денеска на средбата во Ријад да назначат тимови на високо ниво кои ќе почнат да работат на брзо решавање на украинскиот конфликт, соопшти Стејт департментот без дополнителни информации и коментари.

„Рубио и Лавров се договорија да назначат тимови на високо ниво кои ќе почнат да работат што е можно поскоро за да се стави крај на војната во Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот, пренесе Reuters.

Како што наведе тој, двајцата официјални претставници, исто така, се согласиле да создадат механизам за консултации за елиминирање на „попречувачките фактори“ во американско-руските односи.

Руската приватна новинска агенција Интерфакс објави дека рускиот преговарач Јуриј Ушаков рекол дека разговорите поминале добро и дека се разговарало за условите за средба меѓу претседателот Доналд Трамп и Владимир Путин.

Ушаков рекол и дека е малку веројатно самитот да се одржи следната седмица, како што претходно во вторникот шпекулираа некои западни медиуми. Сепак, разговорите во главниот град на Саудиска Арабија го истакнаа брзото темпо на американските напори за ставање крај на конфликтот, помалку од еден месец откако Трамп ја презеде функцијата и шест дена откако тој телефонски разговараше со Путин.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!