MKinformer

your daily dose of news

Вчера во Скопје санкционирани 262 учесници во сообраќајот

19/02/2025 10:56

Во текот на вчерашниот ден, од 9:30 до 18:30 часот, на територијата на град Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола во сообраќајот, при што беа санкционирани 262 учесници во сообраќајот. Меѓу нив, 10 возачи управувале без возачка дозвола, три санкции беа изречени за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возачи почетници и 12 мерки за прекршоци направени од пешаците.

„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за по-сигурни патишта“, апелираат од Министерството за внатрешни работи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!