MKinformer

your daily dose of news

ПРВО ИЗБОРИ ВО УКРАИНА, ПОТОА МИРОВЕН ДОГОВОР, ЗЕЛЕНСКИ СО 4% РЕЈТИНГ ТЕШКО ДА ОПСТАНЕ

19/02/2025 18:27

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Украина и се потребни избори пред потпишувањето на мировниот договор.

„Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, ефективна вонредна состојба“, им рече Трамп на новинарите запрашан да ги коментира барањата на Русија да потпише мировен договор дури по изборите во Украина.

Трамп изјави дека „поддршката за Зеленски во Украина е намалена на четири отсто“ и дека народот на Украина треба да каже „знаете, помина долго време откако немавме избори“.

Ставот на Трамп за одржување на избори во Украина го дели и руската страна. Имено, последните избори во Украина се одржаа на 31ви март 2019 година, а тогаш победи Володомир Зеленски. Оттогаш односите помеѓу Русија и Украина драстично се влошуваа и ескалираа во воен конфликт.

Официјален Кремаљ постојано го посочуваше Зеленски како главен виновник и причина за воениот конфликт, а со оглед на неговиот рејтинг помеѓу украинскиот народ од последната анкета, повеќе од извесно е дека Зеленски не ја ужива довербата на грѓаните, напротив тие го сметаат за одговорен за смртта на голем број сограѓани. Последната изјава на американскиот претседател оди токму во таа насока

Трамп  посочи дека Украина е одговорна за конфликтот, кој започна во таа земја пред три години, велејќи дека Киев тогаш можел да направи договор и да го избегне воениот конфликт и да не се загуби ниту еден човечки живот.

„Не требаше да го започнете ова“, рече Трамп.

error: Содржината е заштитена од копирање !!