MKinformer

your daily dose of news

Наутро студено, сончево преку ден со умерен ветер и мала облачност

22/02/2025 10:42

Времето утрово ќе биде многу студено, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност, со поголема облачност во југоисточните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -12 до -2 степени, а максималните од 3 до 10 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде студено, а преку денот ќе има сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8 степени, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Прогноза за наредните денови:

Од недела се очекува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. Во одредени котлини ќе се појави магла и ниска облачност. Од понеделник, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините и во повисоките области ќе има слаб снег.

error: Содржината е заштитена од копирање !!